Радев телефонски му го честитал Илинден на Пендаровски

news
Advertisement

За разговорот објавија и од прес-службата на Радев наведувајќи дека одбележувањето на Илинденското востание од 1903 година зазема значајно место во заедничката историја и е пример за богатото духовно и културно историско наследно кое тесно ги поврзува двете земји и нивните граѓани
И бугарското МНР преку Твитер им честиташе на граѓаните на Северна Македонија за денешниот национален празник порачувајќи дека се уверени оти и во иднина ќе се продолжи со развој на добрососедските односи
Претседателот на државата Стево Пендаровски имал телефонски разговор со претседателот на Бугарија Румен Радев по повод 2 Август – Денот на Републиката.

Advertisement

Од Кабинетот на Пендаровски за МИА потврдиле дека имало телефонски разговор со претседателот Радев, кој бил протоколарен. Како што појаснија, претседателот Радев се јавил да го честита празникот Илинден.

Соопштение за честитката од Радев и разговорот со Пендаровски објавија и од прес-службата на бугарскиот претседател наведувајќи дека одбележувањето на Илинденското востание има значајно место во нашата заедничка историја.

„Одбележувањето на Илинденското востание од 1903 година зазема значајно место во нашата заедничка историја и е само еден од примерите на богатото духовно и културно-историско наследно кое тесно ги поврзува нашите две земји и нивните граѓани“,

рекол Радев, соопштија од неговиот кабинет.
Оттаму додаваат дека бугарскиот претседател посочил и дека нашата заедничка историја треба да стане треба да стане вистински фактор за зближување меѓу Бугарија и Република Северна Македонија, а за тоа треба да придонесат и државниците од двете страни.

„Декларираните амбиции за заедничка иднина во Обединета Европа мора да доведат до вистинско градење и продлабочување на добрососедските односи во интерес на граѓаните што тие ги очекуваат“,

нагласил Радев.

Денеска и бугарското Министерство за надворешни работи (МНР) преку Твитер упати честита за денешниот празник.

„Искрени честитки до Република Северна Македонија и нејзините граѓани по повод нивниот национален празник – 2 август. Уверени сме дека и во иднина ќе продолжиме со добра волја и политичка храброст да работиме за развој на добрососедските односи“,

честитаа од бугарското МНР.
Од нашето МНР, пак, им се заблагодарија на колегите од Софија и порачаа дека остануваат посветени на јакнење на меѓусебните врски и на негување на добрососедските односи.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.