РУСКАТА НОВИНАРКА ДАРИЈА АСЛАМОВА УАПСЕНА НА КОСОВО Пријателка на Лавров и на Башар ал Асад

news
Advertisement

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џелал Свечла за Радио Слободна Европа потврди дека безбедносните органи ја уапсиле Русинката Дарија Асламова на северот на земјата.
Преку објава на Фејсбук, Свечла рече дека „многу земји докажале дека таа се занимавала со шпионажа за руското воено разузнавање и дека дејствувала под маската на новинарството“.
„Учествуваше и во борбите во Украина со пропаганда за руската инвазија на Украина“, напиша Свечла.

Advertisement

На некои фотографии што ги сподели преку својата објава на Фејсбук, Асламова е со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и со сирискиот претседател Башар ал Асад.
Свечла рече дека косовските власти биле запознаени со нејзините активности, а според него, на Асламова и е забранет влез во многу земји.
–Нејзиниот обид да влезе во нашата земја, покрај тоа што се совпаѓа со случувањата на северот на земјата, јасно ги докажува руските врски и пропаганди на кои Србија веќе се приклучи и кои имаат за цел да ја дестабилизираат нашата земја – вели Свечла.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.