Во текот на ноќта Русија ја нападна Украина со нова рунда ракетни и воздушни напади кои ја погодија клучната енергетска инфраструктура, затемнувајќи го вториот град Харков и оштетувајќи неколку објекти.
Околу 15 експлозии се слушнале во петокот наутро во украинскиот град Харков, изјави градоначалникот Игор Терехов, а се чини дека руските ракетни напади биле насочени кон снабдувањето со електрична енергија на градот, предизвикувајќи делумни прекини на електричната енергија.
Терехов рече рече дека некои од пумпите за вода во градот престанале да работат поради нападот.
Цели биле регионите Запорожје, Харков, Лавов и Дњепропетровск, како и Крив Рог, јавуваат украинските медиуми.
Драматичните снимки покажуваат дека хидроелектраната Дњепар – најголемата во Украина – се запалила, а исто така погоден е и тролејбус, каде има неколку цивилни жртви.
Регионалната воена управа на Запорожје соопшти дека во ударите се уништени седум станбени згради, а 35 се оштетени, а има и повредени, пренесува Укринформ.
Во централна Украина, градоначалникот на Криви Рог, Олександар Вилкул, изјави дека се слушнале експлозии во градот, но не наведе детали.
„Онаму каде што има можност, потребно е да се набави вода, да се полнат електрични апарати и генератори на струја“, рече Вилкул, пренесува Униан.