Сашо Мијалков добил одложување на затворската казна

news
Advertisement

Поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков, утре нема да го почне издржувањето на тригодишната затворска казна во струшкиот затвор. Телма дознава дека Мијалков побарал одложување на издржувањето на затворската казна за две недели. Па така во струшкиот затвор сега треба да се јави на 22-ри август.

Advertisement

Мијалков се спогоди со Обвинителството и ја призна вината во случајот „Империја“, а покрај затворската казна ќе остане без 6,1 милиони евра во кеш и недвижен имот во вредност од околу 30 милиони евра, вклучувајќи градежна парцела на во центарот на Скопје и 25 стана.

Тој ја смени адресата на жоивеење во Охрид каде ќе пресотјува под кирија, а во Охрид и го префрли седиштето на една од неговите фирми.

Во струшкиот затвор казната ќе ја издржуваат уште тројца обвинети во „Империја“ кои признаа вина и се спогодија – Орце Камчев, Ненад Јосифовиќ и Тодор Мирчевски, а кои исто така експресно ја сменија адресата на живеење од Скопје во Охрид.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.