Сега сè е јасно! Поради ова, Александра Пријовиќ не дојде на погребот на Поповиќ!

Сега сè е јасно! Поради ова, Александра Пријовиќ не дојде на погребот на Поповиќ!

news
Advertisement

Сега сè е јасно! Поради ова, Александра Пријовиќ не дојде на погребот на Поповиќ!

Advertisement

Саша Поповиќ, популарно телевизиско лице, музичар, продуцент, основач и креативен директор на „Гранд продукција“, почина по кратко боледување на првиот ден од месец март 2025 година.

Комеморацијата и погребот се одржаа вчера во Белград, а пријателите и колегите оддадоа почит и сесрдно беа со неутешното семејство на Саша Поповиќ.

Измачена од болка и без трошка шминка, бремената Александра Пријовиќ во придружба на сопругот Филип Живојиновиќ се појави во Сава Центар. Брачните партнери седнаа во првиот ред, а за време на комеморацијата Пријовиќ не можеше да ги задржи солзите.

По церемонијата присутните отидоа на гробиштата Бежанија за да го испратат Поповиќ до вечниот дом, но Александра Пријовиќ реши да не присуствува на погребот. Со оваа постапка не само што се спасила од дополнителен стрес и го зачувала своето здравје, туку ја почитувала и традицијата која налага на трудниците да им се забранува да присуствуваат на погреби.

Да потсетиме, Александра Пријовиќ стекна огромна популарност за време на натпреварувањето во популарниот музички натпревар „Ѕвездите на Гранд“, а Саша Поповиќ имаше само пофални зборови за неа.

– Пред се, Александра Пријовиќ е навистина чудо. Ја запознав во 2011 година на аудиција во Суботица, штом запеа видов дека навистина е фолкерка и дека такви пејачи има малку. Таа се натпреваруваше во сезоната 2011/12 и во одреден момент беше елиминирана, во тој момент гледачите одлучуваа единствено кој ќе продолжи понатаму. Потоа ја поканивме да учествува во баражот за новата сезона. Се проби во баражот, па таа и Андреана Чекиќ се вратија во натпреварувањето. После тоа сега се е историја – откри пред неколку месеци Саша за тамошните медиуми.

Фото:
Извор: Informer.rs

Advertisement