Се сдурија две товарни возила кај кочанско, повредено е едно лице

news
Advertisement

Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа што се случи вчера во кочанско.

Advertisement

– Вчера во 11.27 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на експресниот пат А-3, кај селоТркање, кочанско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фиат“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Т.Д.(57) од Штип и товарно возило „ман“ со полуприколка со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ј.М.(43) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Т.Д., констатирани во болницата во Кочани, соопшти полицијата.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кочани.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.