Силен земјотресот го погоди грчкиот остров Крф, потресот се почувствувал и во регионот

news
Advertisement

Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово јужно од грчкиот остров Крф.

Advertisement

Земјотресот се случил во 7.20 часот по локално време и бил почувствуван на островот, а епицентарот бил на длабочина од 9,2 километри, пренесува Катимерини.

Грчката агенција за планирање и заштита од земјотреси (ОАСП) соопшти дека уште еден земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала се случил во раните утрински часови, а епицентарот бил на 20 километри југозападно од островот Отони.

Според првите информации, земјотресот бил почувствуван и во соседна Албанија.

Нема информации за причинета материјална штета во земјотресот.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *