👮♂️👮♂️ Херојски подвиг на полициските службеници од ПС ОН Ѓорче Петров при СВР Скопје!!! 🔥🔥🔥 На 03.01.2024 година, по пријава за пожар од страна на Денис Месарош и Ибрахим Еминовски, полициските службеници кои веднаш пристигнале на местото на настанот. Во запалената куќа забележале дека мало дете бара помош. Без да размислуваат за својата безбедност, тие влегле во куќата и успеале безбедно да го извадат детето, кое е пренесено на болничко лекување. 👉 Полициските службеници, и покрај тоа што вдишале чад, продолжиле да помагаат а истите и подоцна биле пренесени во болница за медицинска грижа.👨🍳👩🍳 👏 💪Браво за храброста и пожртвуваноста на колегите! Ова е доказ дека сè уште има луѓе кои својата работа ја извршуваат со љубов и посветеност, дури и по цена на сопствениот живот. Нивниот подвиг заслужува почит и признание. ✊️ Ние како Независен Синдикат на Полицијата сметаме дека ваквите примери од страна на МВР треба да бидат јавно истакнати, пофалени и наградени. Убедени сме дека во нашето Министерство има многу вакви позитивни примери, кои заслужуваат признание и поддршка. Браво за храброста и пожртвуваноста на колегите! Горди сме на вас!!!
Скопските полицајци Денис и Ибрахим херојски спасија дете во Ѓорче Петров
Advertisement
Advertisement
Advertisement