Скопјанец на 81-годишна возраст со „опел“ прегазил пензионерка во Ченто

news
Advertisement

Осумдесет и едногодишен скопјанец вчера со „опел“ прегазил пензионерка во скопската населба Ченто.

Advertisement

Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber

Како што информираат од МВР, вчера околу 14 часот на крстосницата од ул.„Методија Андонов Ченто “ и ул.„Маџари“ во Скопје, „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од осумдесет и едногодишниот М.А. од Скопје, удрило во шеесет и петгодишната М.У. од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.У., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.