Скопјанка го загуби животот во сообраќајка на патот Скопје-Граничен премин Блаце

news
Advertisement

Четириесетгодишна скопјанка го загуби животот во сообраќајна несреќа која се случила вчера на пат кон Граничниот премин Блаце.

Advertisement

Како што информираат од МВР, сообраќајката се случила во 21.45 на магистралниот пат Скопје – Граничен премин Блаце помеѓу патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од четириесетгодишната М.Л. од Скопје и „фолксваген голф“ , управуван од педесет и двегодишниот Р.В. од Сарај.

Од здобиените повреди на местото починала М.Л., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Со тешки телесни повреди се здобиле возачот Р.В. и неговата сопатничка А.И.(25), а со телесни повреди се здобиле сопатничката З.В.(47) и двајца малолетни сопатници, сите од возилото „фолксваген голф“, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.