Сообраќајна незгода предизвика хаос на мостот „Гоце Делчев“

news
Advertisement

Сообраќајна незгода помеѓу две возила со скопски регистарски таблички се случи утрово на мостот „Гоце Делчев“ во насока од плоштадот „Скендербег“ кон зградата на Владата.

Advertisement

Засега нема информации за повредени лица, а од она што може да се види на самото место еден од автомобилите има претрпено поголемо оштетување. На терен има и полициска екипа која врши увид и го регулира сообраќајот.

Сообраќајната незгода предизвика хаос на овој булевар, а возилата се движат отежнато.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.