Со нож нападнат млад скопјанец во угостителски објект

news
Advertisement

Скопјанец бил повреден со остар предмет, откако претходно бил физички нападнат од две лица во угостителски објект.

Advertisement

– На 05.10.2023 во 20.42 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош било пријавено дека на ул.„Тале Христов“ во Скопје имало повредено лице со остар предмет. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека околу 20.30 часот пред угостителски објект две лица физички го нападнале М.А. (18) од Скопје, при што едно од нив со остар предмет му нанело повреди. М.А. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Извор: https://skopjeinfo.mk/so-nozh-napadnat-mlad-skopjanec-vo-ugostitelski-objekt

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.