Со правилно менаџирање нема да има енергетска криза посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

news
Advertisement

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски смета дека ако правилно се менаџира енергетскиот систем, земјава нема да биде увозно зависна и потребите од електрична енергија ќе може да ги задоволи од сопствени капацитети.

Advertisement

Тој во изјава за националниот јавен сервис вели дека доколку РЕК Битола е оперативен, а неговите три блока се модернизирани, ако има доволни количини јаглен, таму може да се произведуваат околу 600 мегавати.

На ваквиот став на Мицкоски реагираа од владеачката СДСМ од каде обвинија дека додека тој бил советник на Груевски, а потоа и директор на ЕСМ струјата во земјава поскапила за 100 проценти иако во тоа време немало светска енергетска криза.

Од партијата напоменуваат и дека во истиот тој период во земјава не била изградена ниту една електрана ниту еден стратешки објект за произвидстви на струја.

За разлика од времето на ВМРО-ДПМНЕ, во последните години ЕСМ изгради фотонапонска електрана во Осломеј од 10MW и ja интегрира гасната електрана Когел од 30MW.

ЕСМ за три години стави дополнителни 40MW во системот, подвлекуваат од партијата.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.