Advertisement
Advertisement
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Унгарија, Жолт Бунфорд.
Двајцата соговорници се осврнаа на динамичниот и континуиран политички дијалог меѓу двете пријателски земји во изминатите три децении, како и на одличната билатерална соработка во бројни сектори, со посебен акцент на економскиот план.
Advertisement