Српска дадилка го киднапирала детето кое го чувала и го однела кај бившиот партнер да го убедува дека е нивно

news
Advertisement

Дадилка во Србија го киднапирала бебето кое го чувала и сакала да му го претстави на поранешниот партнер како нивно дете.
Полицијата во Крушевац поднесе кривична пријава против 35-годишна жена поради сомнение дека сторила кривично дело киднапирање малолетно лице.

Advertisement

Се сомничи дека бебето кое го чувала, старо 40 дена тргнала да го прошета, но наместо да го врати во договореното време, го однела кај својот поранешен партнер.
Како што објави „Новости“ утрово, бебето е најдено во семејниот дом на Д.С. во населбата Мудраковац кај Крушевац. Мајката пријавила дека детето е исчезнато.

Како што претходно пишуваше медиумот Ј.Ј го киднапирала бебето и го однела кај бившиот партнер Д.С.(40) тврдејќи дека детето е негово и дека сакала да му покаже, но после тоа полицијата упаднала во куќата и ги привела сите, а детето го вратила на мајката. Мајката на бебето сподели и фотографија од бебиситерката во групата со натпис „ова е личноста која ми го киднапираше детето“ и објасни како ја вработила.
„Таа беше пронајдена преку оваа група и се чинеше сосема нормално првите неколку пати кога го чуваше мојот син. За жал, вчера ја пуштив во паркот кој е на неколку минути од станот и направив катастрофална грешка која можеше скапо да не чини. Додека беше излезена ми праќаше нон-стоп пораки и слики како малиот спие и како е ок. Ве молиме обрнете ѝ внимание затоа што е пуштена да се брани од слобода. Се најдобро, чувајте се и грижете се за вашите најблиски“, напишала мајката.

Дадилката на рочиштето, кажала дека живеела во вонбрачна заедница со Д.С и останала бремена. Во декември лани имала спонтан абортус, но никому не кажала за тоа, а со партнерот раскинала во април. Таа го киднапирала детето на жената која ја вработила, со намера да го претстави како нивно дете.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.