Стојаноски: Барањата на граѓанските организации, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ги преточи во 200-тини амандмани за расправа на Буџетот

news
Advertisement

„Вчера до 16 часот заврши рокот за поднесување на амандмани, се поднесоа 263 амандмани на број од сите политички партии. Интересот е особено голем, и очекувам да биде особено плодна расправата бидејќи доста од пратениците се заинтересирани да учествуваат во истата. Најмногу интерес за расправа има ВМРО-ДПМНЕ со над 200-тини амандмани”, истакна пратеникот Бојан Стојаноски на „Утрински печат”.

Advertisement

Стојаноски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ оваа година има повеќе амандмани затоа што во моментов економската ситуација е од повеќе загрижувачка. А, и се направи доста инклузивен процес во кој што пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ги вклучи и граѓанските организации, организациите на работодавачите, синдикати, организациите на средношколците и студентите. Тоа што го побараа овие граѓански организации тоа пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ го преточи во амандмани.

„Финансиски амандманите тежат не повеќе од онаа рамка која што ја предвиде како капитални инвестиции да се реализираат кои што досега не се реализираа. Од прилика можеме еве да кажеме ако ги редефинираме средствата кои што се на таа ставка може да се исполнат сите амандмани на ВМРО-ДПМНЕ и од другите партии кои што се поднесени. Ние како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ сме фокусирани најмногу на амандманите кои што ги побараа синдикатите конкретно за зголемување на сумата на средства која што може да се одвои за плати, која што потоа при дијалог со економско социјалниот совет синдикатите со Владата би се договориле каде би завршиле тие средства. Имаме и амандмани од аспект на енергетиката, од аспект на здравството. Имаме доста амандмани кои што требаат како локални проекти, но кои што треба Владата особено да ги помогне, тука сакаме да ја засилиме соработката помеѓу Владата и општините. И секако доминираат заради тоа што се најактуелни амандманите за образованието, особено за барањата на студентите”, заклучи пратеникот Стојаноски.

Пратеникот посочи дека ако се види програмата на Владата, таму има доста проекти кои што треба да се направат на општините каде што ги управува градоначалникот на ВМРО-ДПМНЕ. Но, ако сака да се мотивираат повеќе, да не се гледа од аспект на политика, туку да се направи одредена меѓусебна кохезија со цел тие проекти да продолжат да се реализираат.

„Јас лично сметам дека Владата не треба да се одмаздува на граѓаните заради тоа што им испорачале убедлив пораз на еден начин”, рече тој.

„Стоки и услуги имаме два проценти повеќе отколку претходната година, испланирано средства. Нема потреба. Ние имаме за одредени институции покачување на плати, а каде што знаеме дека имаат одвишок кадри или земаат повеќе плати. Таквите ставки ги реорганизираме и те како има средства во овој Буџет за реализација на сите проекти”, нагласи Стојаноски.

Тој рече дека Законот на буџети е светол пример како може да се работи на еден закон за да го положи тестот на времето и да останат фискални правила кои што ќе се почитуваат од било која Влада. исто така се донесе и Закон кој што ги контролира и финансиите и во општините и во централната власт заради тоа што е насушно потребно да има фискални правила. И со тој закон се предвидува буџетскиот дефицитот да не биде над 3%. Но, со предлог Буџетот на Владата дефицитот стасува и до 4.6%, што укажува дека Владата нема намера да го почитува законот. И поради тоа Стојаноски ги повика меѓународните партнери кои што особено беа вклучени во носење на овој закон, да поразговараат посериозно со Владата затоа што нема поента да се носат закони кои што и самата Влада не ги почитува.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.