Судот пред малку донесе одлука за барањето за притвор на трите лица кои го сквернавеа македонското знаме

Судот пред малку донесе одлука за барањето за притвор на трите лица кои го сквернавеа македонското знаме

Life
Advertisement

Advertisement

Судија на претходна постапка го прифати предлогот на обвинителството и одреди осумдневен притвор за тројца од лицата кои го уништуваа македонското знаме. Одлуката е образложена со „опасност од бегство и повторување на делото“. Приведените лица се сомничат за кривичното дело од член 319, став 1 од Кривичниот законик, а поврзани со вчерашните настани во кои беа уништувани национални симболи и државното знаме. Доцна попладнево, тие со полициска придружба беа спроведени во Кривичниот суд.

Advertisement