Advertisement
Басри Садику, синот на Азем Садику, градоначалникот на општина Студеничан, почина денеска во раните утрински часови, пишува монитор.мк.
Advertisement
Тој веќе подолго време боледуваше од тешка болест, додека во последните два дена состојбата му се влоши. Долгогодишната битка со оваа болест Басри ја загуби во Клиничката болница „Мајка Тереза“ во Скопје.
Басри Садику, и покрај тешката здравствена состојба неколку години, бешее доста активен и раководеше со неколку информативни веб-страници.
Advertisement