Тајван најави воени вежби, ќе се користи боева муниција

news
Advertisement

Тајван најави дека следната недела безбедноните сили на државата ќе одржат артилериски вежби со боева муниција во јужниот дел на земјата за тестирање на борбената готовност. Тајванската централна новинска агенција (CNA) во неделата објави дека војската на Тајван ќе спроведе ракетни вежби во округот Пингтунг во вторник и четврток.

Advertisement

За време на планираните вежби на подрачјето на јужен Тајван ќе бидат испукани 78 самоодни ракети хаубици од калибар 155 милиметри и шест минофрлачи од калибар 120 милиметри. Армијата ќе одржи годишни вежби на 5 септември.

Најавата доаѓа откако Кинезите започнаа големи воени вежби во близина на Тајван, по посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси на земјата што Кина ја гледа како своја „отцепена“ провинција.

Тајванското Министерство за одбрана соопшти дека како дел од своите големи воени вежби во близина на Тајван и осум контрамерки за одговор на ситуацијата, Кина во петокот испрати најголем број воени авиони преку Тајванскиот теснец оваа година/brif.mk

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.