Тајно и романтично: Викторија Лоба го кажа судбоносното „Да“ во неодолива венчаница на охридско зајдисонце

news
Advertisement

На зајдисонце, пред црквата „Св. Јован Канео“ во Охрид, Викторија Лоба заедно со својот партнер се заколна на вечна љубов.

Advertisement

Пејачката изгледа бајковито во прекрасна венчаница со долг вел, која е креација на македонската дизајнерка Моника Коцарева Ергиќ.

Лоба косата ја собрала во интересна пунџа во плетенки, а целиот изглед го надополнила со романтичен бидермаер од бели рози.

Покрај заедничката фотографија, Викторија објави уште еден романтичен момент од нивната црковна венчавка. Пејачката сподели фотографија од бели гулаби кои седат еден покрај друг, а овие прекрасни птици се симбол на љубовта, мирот и слободата.

Во април, 2019 година, Викторија ја прифати понудата за брак од нејзиниот партнер Ѓорѓи.

Викторија и Ѓорѓи свадбената веселба прво ја планираа за 2020 година, но ја откажаа поради пандемијата.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *