53-ГОДИШНИОТ ЗЛАТКО БОГДАНОВСКИ ДОДЕКА БИЛ НА РАБОТА
Струга ја потресе трагична вест: 53-годишниот Златко Богдановски починал утрово додека бил на своето работно место во Општина Струга.
Според информациите објавени од Струга Експрес, околу 30 минути пред објавата била пријавена неговата ненадејна смрт. Првичните сознанија укажуваат дека Богдановски починал како последица на срцев удар.
Екипите на Итна медицинска помош веднаш пристигнале во општинската зграда и направиле сè што било во нивна можност за да му го спасат животот, но за жал, не успеале да го реанимираат.
Настанот предизвика силни реакции меѓу колегите и граѓаните на Струга, кои изразуваат голема тага за ненадополнливата загуба