Advertisement
Вчера, Тетовскиот суд изрече мерка притвор од 8 дена против 27-годишниот М.А. од Теарце, кој се сомничи за педофилија, објави ТВ21.
Advertisement
Според досегашните информации тој се сомничи за сторено кривично дело „намамување на обљуба или на други полови дејствија на дете кое не наполнило 14 години“
Мајката на девојчето раскажа како нејзината 12-годишна ќерка била уценувана преку социјалните мрежи, каде непознато лице ѝ барало разголени фотографии, или во спротивно, како што ѝ се заканил, ќе објави нејзини фотографии и видеа со непристојни натписи.
Advertisement