Трагедија наутро: Починато бебе, обвинителството нареди обдукција!

News

На 10 јануари 2026 година околу 08:00 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во семеен дом на подрачјето на Шуто Оризари починало бебе.

Пријавата ја доставила Итната медицинска помош, а на местото веднаш излегле полициски службеници. Лекар од Итната помош ја констатирал смртта, при што не биле забележани видливи траги на насилство врз телото.

Извршен бил увид од страна на полицијата, а за случајот бил известен и надлежен јавен обвинител. По негова наредба, телото на починатото бебе е предадено на обдукција, со цел да се утврдат точните причини за смртта.

Надлежните институции продолжуваат со постапување, а повеќе информации се очекуваат по завршување на обдукцијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *