Во несреќа која се случила ноќеска на гостиварска патарина животот го згуби 18 годишно момче. Како што информира СВР Тетово четириесетина минути по полноќ било пријавено дека на автопатот Гостивар-Тетово, на наплатната станица Гостивар, патничко моторно возило „сеат ибица“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од 18-годишниот Е.З. од гостиварско Чегране излетало од коловоз и удрило во бетонски столб.
„Во несреќата, Е.З. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ каде бил пренесен за укажување на лекарска помош, а на пат за Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје им подлегнал на повредите.“, стои во полициската информација.
На местото на несреќата јавен обвинител и екипа од Одделението за внатрешни работи извршиле комплетен увид. По наредба на јавниот обвинител ќе се врши обудкција.
ИЗВОР: https://4news.mk/tragichna-nesreka-na-patarina-vo-gostivar-zagina-18-godishno-momche/
https://4news.mk/tragichna-nesreka-na-patarina-vo-gostivar-zagina-18-godishno-momche/