Тргнале да ограбат банка па ја викале полицијата на помош

news
Advertisement

Припадниците на спасувачката служба во четвртокот вечерта околу 20 часот од урнатиот тунел извлекле повреден маж и го пренеле во болница, додека полицијата привела тројца негови соучесници во грабежот.
Се претпоставува дека повикот за помош го испратил еден од разбојниците.

Advertisement

Членовите на бандата, двајца Римјани и двајца Наполитанци, го искористиле долгиот викенд среде Ферагосто, кога повеќето италијански бизниси се затворени, за да упаднат во банка и во околните бизниси.
Но, нивниот план тргнал во непосакувана насока бидејќи лошо го ископале тунелот до банката, кој се урнал, па биле принудени да повикаат полиција на помош.

„Помогнете, ве молам, дојдете да ме ослободите“, е повикот на човек до спасувачката служба откако се урна тунелот што го ископал заедно со колегите.

Припадниците на спасувачката служба, вклучително и експерти обучени за помош по земјотресот, мораа да ископаат втор, паралелен тунел за да помогнат.
Медиумите јавуваат дека за време на процесот на спасување на заробениот му биле дадени течности и кислород кои го одржувале во живот./kumanovskimuabeti.mk/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *