ЛЕВИЦА ГО ПОВИКА СДСМ ДА СЕ ПРЕСТРОИ ЗАД НЕА Во вториот круг Мециновиќ освои двојно повеќе гласови од првиот круг
Апасиев го повика СДСМ да се престрои зад нивниот барјак за, како што рече, да го победат ВМРО-ДПМНЕ на следните парламентарни избори.
Плус 30.500 гласа има освоено Амар од Чаир во вториот круг, што значи 100 отсто зголемување во однос на првиот круг, изјави вечерва лидерот на Левица Димитар Апасиев.
Според него, тоа значи дека опозициските тенденции веќе се престројуваат зад Левица.
– Ако треба да опишам со еден збор како помина вториот круг, тоа е – ВМРО стагнира, Левица дуплира. Од втора партија на ниво на Скопје, вечерва обзнанувам дека сме прва партија, дури и пред ВМРО-ДПМНЕ во Центар, во Карпош и во урбаниот дел од Аеродром. 66 проценти не излегоа на гласање, тоа е многу неинтелигетно решение. Две третини од скопјаните не гласаа, една третина гласаа. Од тие една третина една петина одлучија за сите нас. Амар е новото лице на Левица – рече Апасаив