Фондацијата „Фридрих Еберт“ изготви предлог-статут на Заедницата на српски општини

news
Advertisement

Портпаролот на германската фондација „Фридрих Еберт“ (ФЕС) во Косово, Рене Шле, денеска изјави дека организацијата го завршила изготвувањето на предлог-статутот за Заедницата на општини со српско мнозинство (ЗСО).

Advertisement

Како што пренесе БЕТА, Шле за Радио Косово изјавил дека нацрт-статутот е подготвен за дискусија, но не појасни што содржи документот.

„Во оваа фаза можам да потврдам дека го завршивме изготвувањето на статутот и во блиска иднина ќе се сретнеме со нашите партнери за да разговараме кога нацртот ќе биде јавно претставен“, рече Шле.

Засега нема коментар од Владата на Косово.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.