ФОТО: Камерите ја уловија водителката на Канал 5 во незгодна поза во тек на работно време

ФОТО: Камерите ја уловија водителката на Канал 5 во незгодна поза во тек на работно време

news
Advertisement

Advertisement

Во својата долгогодишна работа како ТВ водителка на утринска програма, Милена Антовска Станковска веќе и да ја кренеш од сон, таа ќе ја заврши работата пред камери како што треба. Искуството си го прави своето, ама потребите на организмот понекогаш поретко, а некогаш почесто, знаат да бидат пред се’ кога е во прашање сонот, одморот, спиењето, па макар и со една куса дремка. Станувањето наутро и тоа додека е се уште мрак, за Милена е секојдневие, а кога ќе светне црвеното сијаличе на камерата, е тогаш веќе мора да си насмеан, свеж, подготвен и со остра мисла, ма како воопшто тоа да не е рано, рано наутро. Таман си се свестил, се испило и кафето, поминале неколку блокови во живо, а поминал и појадакот, е тогаш и тоа како те фаќа дремка. Ама за Милена и дел од колегите е време кога се емитуваат утрински вести, па Миленче така седната на фотелјата реши да си дремне, макар за момент затворила очи. Ама камерите се на готовс, осбено колегите што не им се спие, па ја фатија на препад додека така кратко се предаде на она што душата го бара. Фотографијата како доказ ја виде и самата, па си ја објави јавно, и секако не се налути, туку ја покажа реалноста. А тоа дека се снајде одлично кога повторно започна снимањето во живо, сведочиме секојдневно!

Advertisement