Денес заврши гласањето за избор за наградата „Маж на годината според социјални медиуми“, а победник е комичарот Љупчо Крстевски. Тој освои 11.000 гласови, а зад него со освоени 4.200 гласови е јутјуберот Стефан Лазаров, додека на третата позиција е актерот Стефан Николовски со 2.400 гласови. – Познат по своето учество во хумористичниот шоу К-15, Љупчо Крстевски денес е актуелен на социјалните мрежи, особено на својот нов профил на Инстаграм mr. ljube, каде го следат илјадници верни фанови. Со своите кратки видеа и хумористични изведби, тој продолжува да ја развеселува и инспирира својата публика. Сакаме да се заблагодариме на сите вас што учествувавте во гласањето и што ни помогнавте да го избереме победникот во оваа категорија. Вашата поддршка е од големо значење за нас, истакнаа од организацијата на настанот. Во категоријата ,,Маж на годината според социјални медиуми“ беа номинирани повеќе јавни личности, помеѓу кои пејачи, актери, спортисти…
(фото) МАКЕДОНИЈА ИЗБРА МАЖ НА ГОДИНАТА: Љубе го победи Стефан Лазаров со 7.000 гласови разлика
Advertisement
Advertisement
Advertisement