ФОТО: Поранешен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ загина во сообраќајка

ФОТО: Поранешен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ загина во сообраќајка

news
Advertisement

Advertisement

На 61-годишна возраст, денеска во сообраќајна незгода загина Живко Пејковски, поранешен пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен директор на затворот „Идризово“. Пејковски беше пратеник во еден мандат, а потоа ја извршуваше функцијата директор на затворот „Идризово“. Веста за неговата смрт беше објавена на социјалните мрежи, каде блиските и пријателите се опростуваат од него. Како што соопшти ОК на ВМРО-ДПМНЕ-Демир Хисар, телото ќе биде изложено во капелата во Демир Хисар утре во 11:00 часот, а погребот на Пејковски ќе се одржи во 13:00 часот на градските гробишта.

Advertisement