Advertisement
Advertisement
На асфалтот на Крит во соседна Грција во мугрите се случи нова трагедија со млад човек кој го загуби животот во сообраќајна несреќа. Фаталната сообраќајна несреќа се случила околу 3 часот по полноќ на авенијата Соудас во Ханија по судирот на два автомобили, при што еден буквално се распадна. Противпожарната служба извадила 22-годишен маж во бесознание кој се возел во еден од двата автомобила. Констатирана е смрт во болницата каде што бил пренесен со возило на Итна медицинска помош, додека околностите за несреќата ги истражуваат Одделението за сообраќај во Ханија.
Advertisement