Advertisement
Advertisement
Вечерва поголемиот дел од Албанија остана без струја, а најголемите градови на југот од земјата се во мрак. Без струја останаа следните градови: Берати, Валона, Фиери, Драч, Лушња, Каваја, Скозети, јавува Еуро њуз на албански јазик. Според неофицијални информации од ОСТ (Оператор на преносниот систем) дошло до дефект на високонапонскиот вод. Без струја остана и регионалната болница во Валона. Според информациите добиени од управата на болницата, ходниците и собите се во мрак, а благодарение на генераторот струја има во важните одделенија и во операционите сали. Единственото светло оваа вечер во јужна Албанија се фаровите на автомобилите.
Advertisement