Цули се уште не може да се смири. Кажа кој му хи дал документите на новинарот

news
Advertisement

Изминатиов период, една од главните вести во медиумите беше објавената снимка на новинарот Фуркан Салиу, на која тој ја прашува поранешната директорка на Детска клиника за прекумерните работни часови и дежурства и нејзината нервозна реакција.

Advertisement

Потоа, Софијанова поднесе оставка од функцијата директор, а минатата недела проструи информација и дека враќала пари кои и биле исплатувани по разни основи.

Аспазија Софијанова за цело ова време, не даваше премногу изјава, се појави само еднаш на ТВ Сител, при што ја кажа својата вистина.

Синоќа Софијанова во гостување на ТВ Телма, во опширно интервју, проговори на повеќе теми.

Таа изјави дека заедно со колегите од Одделот за неонатална и педијатриска интензивна нега, чиј што шеф е таа, успеале да издејствуваат зголемување на коефициентот за исплата на дежурства, поради специфичноста на интервенциите кои можеле да ги изведуваат само тие педијатри.

-Веројатно требаше еднаш засекогаш да се расчистат некои работи и јавноста да ја запознае целата слика откако дојдоа документите до колегата кој потоа ги даваше интерпретациите.

Меѓутоа јас сум шеф на одделот за неонатална и педијатериска интензивна нега и терапија, тоа пред 3 години кога министер беше проф. Филипче и ние заедно со мојот тим од интензивна успеавме да го покачивме коефициентот за исплата на дежрства на тој оддел, кој има свои специфики, свои многу големи работи кои што не можат да ги работат другите педијатри кои што работат, рече проф. д-р Софијанова.

Вели дека таа нема никаква врска со доделувањето на дежурства и со правењето на распореди. Тоа го прави главната сестра на Одделот за неонатална и педијатриска интензивна нега и после тоа се внесува во благајничкиот систем.

Тие дежурства се внесуваат во ИТ систем, односно во самиот систем кој што е во благајна и во него само благајникот е тој кој што го контролира. Јас не можам ниту да си допишам, ниту да ставам повеќе дежурства, вели д-р Софијанова.

Д-р Софијанова рече дека не била еден месец на пат во Словенија, туку на доусовршување, и се обврзала пред Управниот одбор дека за тоа време ќе продолжи да ги извршува своите обврски на клиниката.

-Јас бев во Словенија еден месец во периодот од 15 јули до 15 август, каде што се обврзав пред Управен одбор и таму помина, дека моето доусовршување во Словенија ќе биде врзано и со мојата активност и на клиниката.

Што значи дека додека бев во Словенија бев цело време активно запозната за сѐ што се случува на клиниката, и во тој период 4 дечиња се префрлија надвор од границите на државата за лекување, при што целата координација ја правев јас и имам сведоци за тоа.

Уште вториот ден кога стигнав во Клиничкиот центар Љубљана каде што само со лиценцирани дипломи можете да влезете таму, знаете колку тие имаат дежурства, од 6 до 8, бидејќи и таму имаат дефицит на пердијатри, вели Софијанова.

Аспазија Софијанова впо гостување на Телма кажа дека не знаела дека новинарот од Тв Клан, Фуркан Салиу ја снима.

Таа кажа дека отпосле сфатила дека ја снимиле. Вели дека сето тоа што ги видела документите со нејзини лични податоци, нејзе ѝ дошло зад грб.

Софијанова кажа дека открила од каде документите се нашле во рацете на новинарот. За документите рече дека новинарот ги добил на незаконски начин.

„Таа реакција беше изнудена кај мене, а прст му покажувам само на мојот внук“, рече Софијанова.

Инаку, Софијанова повтори дека земала нешто што ја следува со знаењето, искуството кое го има и работата која ја врши.

„Ако сакав пари, ако бев тој тип на човек досега ќе отидев некаде“, рече Софијанова.

Кажа дека имала понуди да работи на друго место за повисока плата, но вели Клиниката за детски болести е нејзин живот, рече Софијанова синоќа на ТВ Телма.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.