Читаку: Не ширете страв и паника – нема да има војна во Косово Опсервер: Читаку: Не ширете страв и паника – нема да има војна во Косово | opserver.mk

news

–Потпретседателката на најголемата парламентарна опозициска партија во Косово, Демократската партија на Косово (ПДК), Влора Читаку ги повика властите во земјата да не шират страв и паника, затоа што, како што вели, „нема да има војна во Косово“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Advertisement

Пораката на Читаку уследи по изјавите на косовскиот премиер, Албин Курти, дадени во интервју за италијанска „Ла Република“, дека постои опасност од нов конфликт меѓу Косово и Србија, односно од нова војна во Западен Балкан. Потпретседателката на ПДК и поранешна амбасадорка на Косово во САД на својата страница на Фејсбук напиша дека гаранција за суверенитетот на Косово е НАТО, додека, како што вели, „Србија знае многу добро што носи еден отворен конфликт со НАТО“. –

Имаше војна во Косово пред 23 години. Некои од нас бевме возрасни и имавме можност да војуваме тогаш. Истовремено, на Србија денес најмногу ѝ одговара ова статус-кво и по можност да се разговара за лепенки и барикади. Конвенционалната војна заврши. Сега битките се од друга природа, напиша Читаку.
Опсервер: Читаку: Не ширете страв и паника – нема да има војна во Косово | opserver.mk

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.