Шестмина повредени во сообраќајка на три автомобили во Струмица

news
Advertisement

Шест лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила рано утрово во 03:40 часот на булеварот „Маршал Тито“ во Струмица, соопшти СВР Струмица. Во несреќата учествувале три автомобили со струмички регистарски таблички -„ауди“ управувано од К.Р. (25) од Струмица, „опел астра“ управувано од К.Ш. (29) од село Гечерлија, струмичко и „бмв“ управувано од А.С. (26) од село Ангелци, струмичко. Како што се наведува во соопштението, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Ј.С.(24), сопатник во патничкото возило „ауди“, а со телесни повреди се здобиле возачите на патничките возила „ауди“ и „опел астра“, како и М.Ш и А.Д., сопатници од патничкото возило „опел астра“ и В.М.Ѓ., сопатник од патничкото возило „ауди“. Повредите биле констатирани од лекар во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила увидна екипа на Полициската станица Струмица.

Advertisement

ИЗВОР. https://utrinskivesnik.mk/shestmina-povredeni-vo-soobra-a-ka-na-tri-avtomobili-vo-strumica/?fbclid=IwAR2TatLS0glCuvGmr_-chLtYB6OWQkahW81O2gaYb5Ye8HTt40CvDaKN71U

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.