Голема сообраќајна несреќа во Хрватска…десетина лица загинаа а голем број се тешко повредени откако патнички автобус со полски регистарски таблици излетал од автопатот кој води кон загреб..Несреќата се случила утрово во 5 часот и 40 минути а повредените се пренесени во болниците во загреб, вараждин и останатие градови во близината…Се уште не се познати причините за несреќата иако хрватските медиуми шпекулираат дека најверојатно најстанала поради замор на возачот.
„Информацијата за несреќта ја добивме од полска државјанка која била во автобусот. Веднаш на терен излегоа екипи на брзата помош и полицијата. Според информациите, станува збор за група која требала да оди на аџилак во Меѓугорје. Истрагата сега треба да им ја препуштиме на експертите за да се утврди што ја предизвикало несреќата.“ – Давор Божиновиќ – министер за внатрешни работи на хрватска.
Меѓу првите кои пристигнале на местото на несреќата биле пожарникари кои велат дека затекнале слика како од хорор филм.
„Го спасувавме секој што можеме од автобусот. Сликата беше навистина страшна. Јас сум пожарникар 45 години и никогаш не сум имал ваква несреќа. Во првиот момент, човекот чувствува шок, кога ќе види што се случило.“ – Иван Иванчан – командира на противпожарната служба Брезнички Хум.
Министерот за правда на Полска нареди да се отвори истрага за да се утврди дали компанијата која го извршиле транспортот го има сите потребни лиценци и документи…Патувањето го организирала полско католичко здружение а меѓу патниците во автобусот, имало свештеници и калуѓерки.
„Тоа беше аџилак организиран од канцеларијата на Братството на Свети Јосиф во Варшава, кое вчера тргна од Честохова за Меѓугорје, во Босна и Херцеговина. Меѓу аџиите имало тројца свештеници, шест монахињи, останатите се аџии од околината на Соколов и Конин. Фокусирани сме на помагање на нашите граѓани и работиме заедно со хрватските власти.“ – Лукаш Јасина – портпарол на министерството за надворешни работи на Полска.
На лице место настрадале 11 патници, а едно лице, поради тешки повреди, починало подоцна во болница..Здравствените власти стравуваат дека бројот на загинати може да се зголеми со оглед на тоа дека голем дел од лицата кои биле пренесени во болница имале тешки телесни повреди.
„Повредени се 32 лица а за жал починаа 12. Повеќе од половина, или 19 од повредените патници имаат тешки телесни повреди.“ – Вили Берош – министер за здравство на Хрватска.
Од загребската болница потврдија дека веќе се направени операции кај дел од патниците а доколку е потребно ќе се отворат дополнителни оддели за згрижување на повредените.
„Најголем дел имаат повреди на внатрешните органи и крварење кои мора веднаш да се санираат.“ – Анко Антабак – директор на одделот за хирургија во болницата во Загреб.
Хрватскио министер за здравство заедно со неговиот полски колега веќе ги посетиле повредените во болницата во Вараждин. Полскиот премиер Матеуш Моравјецки пак изјави дека добил уверување од првиот човек на хрватската влада, Андреј Пленковиќ, дека ќе бидат ангажирани сите хрватските служби за да се утврдат причините за несреќата.
Тешка сообраќајна несреќа утрово имаше и во Бугарија откако се судрија автомобил и автобус кој превезувал туристи од Романија..Во несреќата животот го загубиле 4 лица, а повредени се деветмина..Со автобусот патувале 25 лица, а двајцата возачи се задржани од бугарската полиција.