Advertisement
Триесетгодишна шпанска државјанка денеска попладне загинала во местото Клобук кај Требиње, на границата меѓу БиХ и Црна Гора, откако паднала од карпа висока 12 метри, потврди портпаролот на Окружното јавно обвинителство во Требиње – Срѓан Вукановиќ.
Тој додаде дека со жртвата имало уште две туристки од Шпанија.
Advertisement
„Излегле на карпата да се фотографираат, кога дел од карпата на која стоела девојката се откинал и таа паднала од висина од 12 метри и починал на лице место“ – рекол Вукановиќ.
Тој додаде дека истрагата е во тек, а присуствува и дежурниот обвинител на Окружното јавно обвинителство заедно со полициски службеници од полициската управа Требиње.
Advertisement