Advertisement
Шпански пилот загина во судир на два авиона на аеромитинг во Португалија
Шпански пилот загина во судир на два каскадерски авиона на аеромитинг во португалската воена база Беха, на 180 киломтери јужно од Лисабон.
Advertisement
Британските медиуми пренесуваат дека по судирот, неговиот авион се урнал и експлодирал.
Португалското воздухопловство (ПАФ) соопшти дека е повреден пилотот и на вториот авион што учествувал во инцидентот.
ПАФ соопшти дека во несреќата учествувале авиони на акробатската патрола ИАК СТАРС, за која се наведува дека се членови на „најголемиот цивилен акробатски тим во јужна Европа“.
Advertisement