Што е лош интимен однос? Дали некогаш сте имале, проверете со овие знаци

news
Advertisement

Лош секс? Постои ли тоа воопшто? Дали некогаш сте биле толку гладни што и парче бајат леб ви бил вкусен? Така е и со сексот…

Advertisement

Кога станува збор за сексот поголем дел од луѓето се задоволуваат со помалку од она што се смета за „најдобар можен секс“.

Па, што е тоа лош секс?

Доколку на крајот од односот сме задоволени, сексот веројатно и не бил толку лош, но за него не може да се зборува толку едноставно. Доколку сексот не е насилен и доколку партнерот не бил „млак“, поголем дел од луѓето ќе кажат дека сексот бил во ред.

Жалбите на лошиот секс најчесто се слушаат од партнерите кои долго време се во врска. Жените зборуваат дека мажите брзаат во работите, не им посветуваат доволно внимание во желбите да ја задоволат ниту физички ниту психички.

Уште една жалба е онаа дека самиот однос не траел долго, иако ќе слушнете дека не е во ред и доколку премногу трае.

Од друга страна мажите се незадоволни поради тоа што партнерките немаат доволно ентузијазам и дека често се отсутни. Сите парови главно имаат слични проблеми кога станува збор за сексот.

Меѓутоа, можеби поголем дел од вината ја снесува мажот поради тоа што се чини дека кога тие би обраќале малку повеќе внимание на желбите на своите партнерки и би поправиле некои работи дека тие би имале повеќе ентузијазам и исто така би се потрудиле да бидат вклучени во самиот сексуален однос, секако и обратно веројатно би имало ист ефект.

Со оглед на тоа што сексот е индивидуална работа, не можеме да ви дадеме точна дефиниција за лош сексуален однос.

Можеби за почеток, лош сексуален однос е оној во којшто после него еден од партнерите се чувствува лошо.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *