Ја нарекувале „грешка на природата“, а сега сите сакаат да бидат како неа

news
Advertisement

Лејди Гага на сите годинава им докажа дека е актерка којашто е достојна за Оскар, кога во филмот за Гучи ја одигра главната женска улога.
Многумина коментирале дека Лејди Гага го „спасила“ токму тој филмот со своето феноменално издание на ликот на Црната вдовица, т.е. Патриција Реџани.
Сега очекуваме нејзин нов перформанс поради тоа што најавено е дека во новиот филм за Џокер ќе ја толкува улогата на Харли Квин.

Advertisement

Но, да се потсетиме која е Лејди Гага
Стефани Џоан Анџелина Џерманота е целото име на Лејди Гага која ја знаеме по неверојатниот музички талент. Но, додека била тинејџерка, Гага од страна на своите врсници била несфатена.

„Почнав да свирам на клавир на четири години. Многумина на моите родители им зборуваа дека сум чудо од дете поради тоа што извонредно ги изведував најтешките композиции на Бах, Бетовен и Шопен, но тие не веруваа во тоа. Мислеа дека со мене нешто не е во ред и дека сум чудна поради тоа што никогаш не ми беше интересно да поминувам време со останатите деца.

Бев тивка, повлечена, едно време дури ме носеа и на детски психолог за да видат што се случува со мене. После една година сфатија дека е подобро да ме остават на мир и да си ја гледаат својата работа поради тоа што јас сè можев сама“, изјавила Гага во една прилика.
Но, проблемите продолжиле кога започнала да оди во средно училиште каде се соочувала со различни видови на психичко насилство. Во тоа време дури ѝ направиле и Фејсбук група „Стефани, никогаш нема да бидеш ѕвезда“.
„Не сакам да се враќам во минатото затоа што сметам дека тоа е губење време. Проживеав ужасни денови како тинејџерка затоа што преку ноќ се сретнав со најтешкиот облик на психичко злоставување што ми го приредија децата во средното училиште.

Отсекогаш бев поразлична и не се вклопував во нивната рамка. Имав само неколку пријатели и обожавав музика. Сигурна сум дека многу од младите луѓе поминуваат низ сличен пекол, но за тоа молчеле поради тоа што им било срам. Поради своите различности на само 15 години паднав во длабока депресија“, раскажала пејачката во едно интервју со Опра каде открила дека била силувана на 19 години.

„Ме плукаа и ми кажуваа дека смрдам, дека сум грешка на природата… Се затворав дома и непрекинато свирев по седум часа за од себе да ја исфрлам цела негативна енергија како и омразата која ја чувствував кон другите. Грозно е кога некого мразите, а јас го мразев цел свет. Денес ми е жал поради тоа“, изјавила пејачката.

А, потоа кога наполнила 19 години го запознала продуцентот Роб Фусари којшто го воодушевила, а недолго потоа потпишала договор со продукциската куќа „Def Jam“.

Ја снимила песната „Boys, boys, boys“, па популарноста започнала да расте со неверојатна брзина, а сè останато е – историја.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.