Алтернатива нема да отстапи министерско место за Алијанса за Албанците

news
Advertisement

Алтернатива не сака да отстапи министерско место за Алијанса за Албанците, бараат СДСМ да го почитува договореното и да ги задржат министерските позиции во здравство, информатичко општество и без ресор за дијаспора кои ги добија лани. Од партијата на Гаши за Канал 5 велат дека не гледаат потреба за проширување на владиното мнозинство, а целта на преговорите со Таравари е ДУИ да си ја зацврсти позицијата во случај огнената група да му откаже доверба на Ахмети..

Advertisement

-Единствена измена е стравот на ДУИ ќе може да остане без огнените пратеници. Во тој случај ДУИ ќе бара некоја резервна гума, а дали Алијанса ќе прифати да биде тој елемент, тоа е нивна одлука. Секако, за Алтернатива е важно да продолжи интеграцискиот процес, да се реализира нашиот политички договор со СДСМ и за нас не менува ништо ако ДУИ или СДСМ сакаат да отстапат место за некоја друга партија. Тоа ќе биде нивна одлука. – одговорија од Алтернатива.

Владини извори брифираат дека преговорите со Алијанса за влез во мнозинството одат во позитивна насока, но најави за нови средби се уште нема. Неофицијално во СДСМ и ДУИ веќе интензивно се дебатира и за ротации и кои министерства би се отстапиле за евентуалниот нов партнер. Во игра се правда, земјоделство, образование, животна средина, но никој засега не ги потврдува информациите дека три ресори ќе добие Таравари.

Во телефонски разговор за Канал 5 тој вели дека нема да ги коментира шпекулациите и партиските коментари, но тврди дека досега не разговарал со Ковачевски или Ахмети за поделба на раководни позиции. Таравари сепак потврдува дека меѓу неговата партија и СДСМ и ДУИ во Собранието имало неформални разговори за влез во владиното мнозинство. Доколку склучат договор, најавија дека нивното учество во Владата нема да биде безусловно. И во тој случај, останува неизвесно како власта ќе обезбеди двотретинско мнозинство за уставни измени.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.