Апасиев: „Флашката“ е форматирана

news
Advertisement

На отворањето на Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград (Горна Џумаја) каде присуствуваше делегацијата на Левица, се појавија неколу групи провокатори, до кои едната директно се нафрли на членовите на Левица.

Advertisement

Имено, на настанот провокаторите влегоа во поворката која по отворањето на клубот се движеше кон спомен-одбележјата по дозвола од полицијата, а истите со себе носеа огрмен звучник на кој беа пуштани фашистички песни. Во еден момент провокаторите беа агресивни и се поставија непосредно пред делегацијата на Левица, по што им исчезна USB–то од звучникот, со што престана нивната музика.

Во истиот момент се случи инцидент, а пратеникот Апасиев беше нападнат, по што провокаторите беа исфрлени од поворката, додека сите наоколу почнаа да скандираат „Македонија, Македонија!“.

По инцидентот целиот план на инфилтрираните провокатори пропадна, а настанот продолжи да се одвива со нормален тек но во нивно отсуство.
Неколку часа подоцна, Апасиев објави фотографија so USB-то на својот фејсбук профил каде напиша:

На чист б’лгарски јазик, ФЛАШКА значело УСБ.
Епа, “флашката” со фашистичките песни од Благоевград е во сигурни раце. Истата е прописно форматирана.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.