Апелација му ја укина пресудата од 12 години затвор на Сашо Мијалков за масовното прислушување

news
Advertisement

Апелациониот суд ја укина 12-годишна казна затвор за Сашо Мијалков, обвинет во предметот „Таргет Тврдина“ за незаконско масовно прислушување.

Advertisement

Апелација денеска образложи дека пресудата е укината, и дека предметот е вратен пред Основниот кривилен суд во Скопје, на повторно постапување и одлучување, поради „суштински повреди на одредбите од Законот за кривична постапка“. Апелациониот суд Скопје известува дека, постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ-81/21, во јавноста познат како „Таргет- Тврдина“ , по одржана јавна седница, донесе решение со кое ги уважи жалбите на обвинетите Г.Г од С., Т.Ј од О., Г.Ј. од С., Н.Б. од С., С.М.од С., Н.Н. од С. и В.В. од В., изјавени преку нивните бранители и по повод жалбите и по службена должност ја укина првостепената пресуда и предметот го врати пред Основниот кривичен суд Скопје на повторно постапување и одлучување, а жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е беспредметна.

Апелациониот суд Скопје при разгледување на побивата пресуда констатираше дека првостепениот суд при постапувањето по овој предмет сторил суштествени повреди на одредбите од Законот за кривичната постапка кои се од апсолутен карактер, а на кои овој суд внимава по службена должност, со што се доведе во прашање фактичката состојба и правилната примена на Кривичниот законик.“, се вели во соопштението на апелациониот суд.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.