Арбен Таравари избран за претседател на Алијанса за Албанците

news
Advertisement

Aктуелниот градоначалник на Гостивар ја добил поддршката од речиси сите делегати, со 512 гласови „за“, еден „против“ и двајца биле воздржани. По изборот тој најави дека политиките на партијата остaнуваат исти, а за влез во Владата нагласи дека сè уште немаат ништо конкретно

Advertisement

Арбен Таравари денеска беше избран за претседател на партијата Алијанса за Албанците. На вонредниот конгрес на партијата, што се одржа во Тетово, актуелниот градоначалник на Гостивар, ја добил поддршката од речиси сите делегати, со 512 гласови „за“, еден „против“ и двајца биле воздржани.

„Денеска го одржавме третиот вонреден конгрес на партијата каде направивме некои промени во Статутот на партијата кои досега не беа предвидени, на пример доколку претседателот на партијата дава оставка, а воведовме и една нова функција – претседател на Собранието на партијата. Донесовме и Кодекс за однесување во партијата. Последна точка ни беше избор на претседател на партијата каде со мнозинство гласови добив поддршка да бидам претседател во наредниот период“,

рече Таравари.
По изборот тој најави дека политиките на партијата остaнуваат исти.

„Политиките на партијата генерално ќе продолжат тие што се. Веќе од утре почнуваме со континуирана кампања додека се одржат следните избори. Кампања врата на врата, да ги отвориме вратите на партијата да доближиме што повеќе луѓе, посебно интелектуалци кои ни се потребни за успешно функционирање на партијата. Професионализација на партијата. Ние почнуваме кампања без разлика дали ќе се одржат избори во 2023 или 2024 година. Ние ќе бидеме во продолжена или континуирана кампања врата на врата до следните избори“,

додаде Таравари.
Тој рече дека за влез во Владата сè уште немаат ништо конкретно.

„Имаме контакти тоа е неспорно и досега сме го кажале тоа, но дека немаме одлука и тоа е сигурно. Ќе чекам да се формираат партиските тела, па затоа ќе настојувам што побрзо да се одржи Собранието на партијата за да го избереме и Централното претседателство за да функционираме онака како треба. Без нив ќе излезе дека само еден човек одлучува за се“,

изјави Таравари.
Разговори со Алијанса за Албанците за влез во Владата има, но детали нема

Комуникација редовна има и канали на комуникација постојат, додаде тој, посебно меѓу нашите пратеници кои се секојдневно во парламентот и комуницираат едни со други

.Не сме стигнати до министерски места, не исклучувам можност, меѓутоа засега нема таква понуда да речам. Но, ви велам јас очекувам да се формираат партиските тела. Без тоа како да одлучува еден човек“,

посочи Таравари.
Сали: Не очекувам Алијанса за Албанците да стане дел од владиното мнозинство

Освен Тарвари, на конгресот се обрати и претходниот претседател Зијадин Села.

„Политичките партии не можат да бидат сопственост на поединец, а јас денеска сум тука со најголема гордост да кажам дека го одржав зборот како што ги одржав многу други зборови до сега. АА никогаш не припаѓала на Зијадин Села и нема да му припадне на никој друг, освен на Албанците. Денеска се собравме да го избереме првиот меѓу нас во наредните 4 години, и мислам дека тој што ќе треба да го продолжи патувањето на Алијанса за Албанците е мојот пријател Арбен Таравари“,

рече Села.
На Конгресот, кој е трет од формирањето на партијата имаше два дела – свечен дел со учество на гости и медиуми и работен дел кој беше од затворен тип и каде присуствуваа само делегати на партијата. Конгресот се оддржа откако во август годинава, како резултат на лошите резултати од вонредните избори за Советот на Општина Тетово, тогашниот претседател на Алијанса за Албанците, Зијадин Села поднесе неотповиклива оставка од фунцкијата претседател на партијата. Таравари претходно беше генерален секретар на Алијанса за Албанците, а во мај 2022 беше назначен на функција – потпретседател. Таравари од септември годинава беше в.д. претседател на АА.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.