Арсовска до приватните превозници: На суд докажувајте дали ЈСП ви должи, ќе има јавен повик за нови превозници

news
Advertisement

Наместо да одговори на советничките прашања на кој начин приватните превозници фактурираат кон ЈСП за извршените услуги и колку картички се наплатени од приватните возачи на се издавале за нив фискални сметки, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска им порача на приватните превозници кои цел ден го блокираат градот кај Судска палата да си поднесат тужба ако сметаат дека некој им должи.

Advertisement

Јас имам впечаток дека сите сме тука да го штитиме јавниот интерес, ако го штитиме приватнио џеб, демантирајте ме. Си има договорни обврски, некој не ги почитува тие, некој престана да ги вози граѓаните и договорите се раскинати. Ќе има јавен повик за превозници и тие ќе можат да си ја остваруваат својата дејност чесно.

ЈСП работи и се обидува да даде што е можно поквалитетна услуга. Нивните автобуси се со одредени еко стандарди, квалитет и хигиена и тоа ќе биде критериум. И ЈСП има договорни обврски со институции, на пример Општина Бутел должи поголема сума, но не ги затвори сите булевари и не ја блокираше опшштината.

Си има суд и таму преку тужба ќе се докажува кој кому му должи. Ние немаме опомена од приватните превозници, ниту тужба и така може да се реализира договорно право. Го поддржувам правото на протест, но единствените кои губат се граѓаните – одговори Арсовска на советничко прашање.

Директорот на ЈСП, Александар Стојковски објасни пред советниците во Град Скопје дека претпријатието ги исплатило сите долгови кон ЈСП. И апелираше градот да распише нов Јавен повик за превозници и тие да се склучат со индивидуални компании.

Сите нивни фактури се исплатени од 1 јуни наваму. Сите фактури од 155 милиони денари се исплатени. Долгот кој ЈСП го има кон приватните превозници е нивно тековно побарување и доколку сметале дека им се пробиени роковите, можеле да поднесат опомена пред тужба. Договорите со нив се исти со права и обврски како што ги имале и во претходните години.

Двата превозника имаат влегувајќи во овој тарифен систем имаа задолжено карти само од 2017 година. Им беше најавено дека со следниот договор ќе треба да имаат автобуси со најмалку еуро 4 стандард. Апелирам следниот јавен повик да биде склучен со индивидуални сопственици, а не со група превозници за да ставиме крај на сомнежите – рече Стојковски.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.