Арсовска контра генералниот секретар Велковски – не дал оставка, сакал да мести милионски тендер

news
Advertisement

Кабинетот на градоначалничката Данела Арсовска спротивно на тврдењата на генералниот секретар Ѓоко Велковски дека сам поднел оставка информира дека Велковски е разрешен заедно со директорот на „Водовод и канализација“, Златко Перински, поради, како што наведуваат обиди за влијание во јавна набавка со милионски суми.

Advertisement

Пред реакцијата на Град Скопје го објавивме ставот на Велковски кој пак тврди дека бил разочаран од, како што вели „слабиот потенцијал за работа и несоработката од градоначалничката Арсовска во реализацијата на капиталните проекти за градот Скопје“.

Но, еве што вели кабинетот на Арсовска:

„Од функцијата Секретар на Град Скопје, во петокот е разрешен Ѓоко Велковски, а причина за разрешувањето е неговото влијание во спорна тендерска постапка за изведба на пречистителна станица во вредност од 136 милиони евра, средства кои се обезбедени од ЕБОР и ЕИБ. Велковски, во петокот е разрешен заедно со в.д директорот на ЈП Водовод и Канализација-Скопје Златко Перински поради обиди за влијание кои се сметаат за тенденција која ги потврдува основаните сомнежи на Град Скопје за самоволие и несоодветно постапување во постапката за избор на изведувач во милионски тендер. Градот Скопје нема да дозволи расипничко трошење на парите на скопјани, ниту финансирање на лични и теснопартиски интереси. Скопје е град на сите скопјани“, се вели во соопштението./espreso.mk/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.