Асоцијација на aлбански општини ја отфрлија сите политички партии – Ковачевски: Предлогот на Алтернатива е несериозен

news
Advertisement

Предлогот на Алтернатива за асоцијација на албански општини е една несериозна и неприфатлива идеја бидејќи односите во нашата земја се решени со Охридскиот рамковен договор на кој се потпишани и претставници на Европската Унија и Соединетите Американски Држави, а на Косово во прашање е сосема друг договор. Вака премиерот Ковачевски го коментираше предлогот на Алтернатива во кој се вели дека по примерот на Косово и во Македонија треба да се формира асоцијација на албански општини.

Advertisement

„Сметам дека таквиот предлог е и неевропски и неамерикански. Така што оттука оние кои што го заговараат сметам дека или се неинформирани или недобро ги разгледале договорите кои што ги решаваат идентитетските прашања на Балканот и ќе треба малку повеќе да се задлабочат за тоа на кој начин се решени проблемите во Северна Македонија, а на кој начин ќе бидат решени проблемите на Косово.“, изјави Ковачевски.

Предлогот покрај другите партии го отфрли и Алијанса за Албанците од каде велат дека тој е несериозен и има цел Албанците да ги стави во однос на дневната политика.

„Албанците живеат во територијален континуитет, а не во енклави. Политичките и територијалните организации кои не им служат нив не се вредни за дискусија. Србите во Косово, како и Албанците во Србија, се малцинство и овие стандарди мора да имаат реципроцитет и ние апсолутно го поддржуваме тоа. Албанците во Македонија се една третина од вкупното население а не малцинство.“, изјавија од Алијанса за Албанците.

Но Зеќирија Ибраими од Алтернатива вчера во изјава за ТВ21 рече дека заедницата на албанските општини нема да предизвика меѓуетнички тензии како што се тврди, туку дека ќе помогнел во развојот на општините каде во мнозинство е албанската заедница.

„Една Асоцијација на албанските општини само би помогнало во развојот на албанските општини. Знаеме дека има многу албански општини кои се скоро без развојни ресурси како што се Липково, Арачиново, Студеничани и други кои едвај успеваат да опстанат.“, рече Ибрахими.

Предлогот истовремено беше отфрлен и од ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ, но и СДСМ а против него се произнесе и поранешниот сопартиец Скендер Реџепи кој предлогот го нарече опасен за стабилноста на државата.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.