Бајден: Пандемијата е завршена

news
Advertisement

Ноткер Оберхојзер
Пандемијата на коронавирус е завршена, но сѐ уште има проблем со Ковид-19, изјави американскиот претседател Бајден.

Advertisement

Претседателот Џо Бајден ја прогласи пандемијата на коронавирус во САД за завршена. „Сè уште имаме проблем со короната. Сè уште работиме многу на тоа, но пандемијата е завршена“, рече американскиот претседател Џо Бајден во емисијата „60 минути“ на телевизијата Си-Би-Ес.

„Тука никој не носи маска“

Интервјуто беше снимено во четвртокот (15.09), кога Бајден го посети и автомобилскиот саем во Детроит. „Како што можете да видите, овде никој не носи маска. Се чини дека сите се во прилично добра форма, така што мислам дека ситуацијата се менува и мислам дека ова е перфектен пример за тоа“, рече американскиот претседател

Изјавите на Бајден би можеле да предизвикаат мешаница во неговата влада. Пред само неколку недели, Владата побара од Конгресот дополнителни милијарди долари за борба против пандемијата за да може да продолжи да нуди тестови и вакцини за време на евентуалниот корона-бран наесен.

Сепак, корона-рестрикциите во САД се во голема мера укинати. И патувањата се враќаат на нивото пред пандемијата.

Американскиот претседател беше позитивен на корона во јули и беше лекуван со лекот паксловид. На крајот на август, неговата сопруга Џил се зарази со вирусот и исто така беше лекувана со тој лек.

Од инфекција со коронавирус секојдневно умираат 400 луѓе

Според американската здравствена агенција ЦДЦ, во САД од инфекција со коронавирус и натаму секојдневно умираат по околу 400 луѓе. Американските власти неодамна одобрија две вакцини против коронавирусот прилагодени на варијантата Омикрон. Двата препарати се таканаречени бивалентни иРНК вакцини од компаниите Бионтек/Фајзер и Модерна.

Leave a Reply

Your email address will not be published.