Берлускони на 85-годишна возраст активно се враќа во политиката

news
Advertisement

Силвио Берлускони, лидерот на екстремно десничарската партија „Форца Италија“, дел од десничарската коалиција, успеа да освои место во италијанскиот Сенат на вчерашните избори.

Advertisement

Осумдесет и петгодишниот Берлускони е избран од Монца, централна Италија. Таму тој е сопственик на локалниот фудбалски тим.

Станува збор за негова деветта изборна кампања. За неа, тој се придружи и на ТикТок, каде собра 600.000 следбеници на социјалната мрежа.

Пред девет години, Берлускони беше осуден за фискална измама, а дел од казната беше одредено време да не може да се кандидира на избори. Казната истече во 2018 година.

Берлускони, кој беше четири пати премиер на Италија, неодамна имаше и здравствени проблеми. Поради Ковид-19, тој беше хоспитализиран во септември 2020 година.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.