Била првиот светски топ-модел со несекојдневна убавина: Ги освојувала модните писти, но потоа животот ѝ станал пекол од кој не успеала да се извлече

news
Advertisement

Трагичната судбина на првиот светски супермодел никого не остава рамнодушен. Неверојатниот успех и ги одзел правото и гордоста.
Младата дама со несекојдневна убавина, Џија Каранџи, била првиот супермодел којшто светот некогаш го запознал. Таа била полнолетна кога стигнала до самиот моден врв.
Се појавила на сите насловни од најпрестижните светски магазини, а годишно заработувала околу 100.000 долари.

Меѓутоа, сиот тој вртоглав успех ја турнал во зависноста, а нејзиниот живот од бајка се претворил во трагедија и завршил на 26 години.
Таа пораснала во работничка класа во Филаделфија, а родителите се развеле во 1971 година. Џија останала да живее со татко ѝ, додека пак двајцата постари браќа со нејзината мајка.
Како тинејџерка била дел од групата обожаватели на Дејвид Боуви, па не ги пропуштала неговите концерти, а покрај тоа се облекувала андрогено.
Токму локалниот фотограф бил тој којшто ја забележал, додека играла на омилените хитови на Боуви, така почнала да се појавува во реклами и магазини, пред да наполни 17 години заминала во Њујорк.
Нејзината убавина била контраст за кој модната индустрија трагала во текот на ерата во морето русокоси, убави жени – Џија била прекрасна и кога не била нашминкана.

Меѓутоа, толку различна и своја, набрзо потпишала договор за модната агентка Вилхелмин Купер којашто ѝ станала како мајка. Потоа ја забележале и големите модни брендови кои почнале да се „натпреваруваат“ за неа. А, таа глумела и во спотот за песната „Atomic“.
„Манекенката мора да создава расположение. Мора да внимавате да не заглавите во расположението –емоциите имаат трендови баш како и модата. Јас станувам тоа што вашето око сака да го види. Тоа е моја работа“, изјавила манекенката своевремено за својот талент.
Без оглед на тоа што имала врска со мажи, Џија била една од првите манекенки која била геј. Оние кои работеле со неа кажале дека не е невообичаено да се заљуби во манекенките со кои снимала едиторијали.

Advertisement

Познато е дека рано почнала да користи дрога. Како тинејџерка консумирала и марихуана и кокаин. А, потребата за дрога се зголемувала како што станувала поуспешна. И, тоа воопшто не го криела, напротив. Лудо се забавувала со другите ѕвезди во култното „Студио 54“.
Поради тоа што била многу тврдоглава, за неа не било воопшто чудно да си замине од снимање доколку не е добро расположена тој ден или доколку не ѝ се допаѓа фризурата.
По смртта на својата менторка во 1980 година, Џија не можела да се избори со тагата и полека почнала да чекори по погрешен пат. Веќе користела хероин, а нејзината зависност се претворила во вистински пекол.
Во текот на снимањето за „Vogue“, таа побегнала низ прозорец. Магазинот ѝ дал втора шанса, но фотографиите откриле траги од убод од игла. Наредната година била уапсена поради возење под дејство на наркотици.

„Во мај таа година, 21-годишната Каранџи морала да оди на операција на рацете поради тоа што толку пати си вбризгала дрога на исто место што постоел отворен инфициран тунел којшто водел во нејзината вена“, вели нејзиниот биограф Стивен Фрид.
Трагите на рацете од дрогирањето биле сè поочигледни. За својата последна работа на насловната на „Cosmo“ во 1982 година, модниот фотограф ги скрил трагите од иглите на нејзините раце така што ѝ кажал рацете да ги стави зад грб.
Есента 1986 година Џија била хоспитализирана. Крвните тестови покажале дека пати од компликации поврзани со AIDS. Таа починала на 26 ноември истата година.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.